Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Килијан Мбапе беше потполно искрен по вечерашната победа против Кајрат. Килијан Мбапе повторно доминираше во дресот на Реал Мадрид!
Французинот со три погодоци и титулата играч на натпреварот го предводеше Кралскиот клуб до убедлива победа против казахстанскиот Кајрат во Лигата на шампионите.
Сепак, француската ѕвезда не дозволи славјето да ги засени неодамнешните неуспеси.
„Дали оваа победа значи дека го забораваме дербито? Не, не, тоа не смееме да го заборавиме,“ рече Мбапе по натпреварот и додаде:
„Не можеме да го заборавиме тоа што се случи овој викенд,“ додаде тој, мислејќи на болниот пораз од Атлетико Мадрид со резултат 5:2.
Тој натпревар беше првиот пораз на Реал оваа сезона, а исто така ги разоткри сериозните проблеми во одбраната на тимот на Чаби Алонсо.