Ретклиф донесе одлука која ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


И покрај слабите резултати на Манчестер јунајтед, сопственикот Сер Џим Ретклиф нема планови за промена на тренерот и му ја дава целосната доверба на Рубен Аморим, објави „The Athletic“.

Според достапните информации, дури и ако „црвените ѓаволи“ доживеат нов пораз овој викенд, Ретклиф не планира брзо да презема одлуки. Тој верува дека португалскиот тренер треба да ја предводи екипата низ целај сезоната, без оглед на моменталната состојба и резултати.

Одлуката на Ретклиф покажува дека на „Олд Трафорд“ се стремат кон стабилност и трпеливост. Тоа е спротивно на минатите години кога честите промени на тренерите донесоа дополнителни проблеми на тимот.