Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
За Манчестер јунајтед не оди ниту оваа сезона, погледнете само резултатите, веќе сме во октомври месец, а екипата на Рубен Аморим не поврза две победи. Всушност, Рубен Аморим во Премиер лигата никогаш не поврзал две победи.
Последниот пораз од Брентфорд беше уште едно разочарување за навивачите и управата, можеби не толку поради резултатот, колку поради некои пропусти и немоќ во второто полувреме да се стигне до изедначување.
Да се сетиме и на лесниот пораз во градското дерби, па испаѓањето во Лига купот, поразот и од Арсенал, иако се чини дека е премногу лоши вести за секој што сака Манчестер јунајтед.
Секако, и оваа сезона на удар е тренерот.
За разлика од некои претходни кои менуваа формации, се обидуваа да ја променат сезоната, Аморим е инаетлив, зборуваше од почетокот дека нема играчи за формацијата која тој ја користи, а кога летово беа потрошени големи средства за доведување засилувања, изгледа дека и понатаму Португалецот, сега малку посрамежливо, тврди истото.
Дали му се избројани деновите во Манчестер?
Британски “Телеграф” пишува дека Аморим е на излезната врата и дека добил ултиматум, победа против Сандерленд или заминување од клубот.
Ако погледнеме бројот на бодови кои ги освоиле тренерите на Манчестер јунајтед во првите 33 натпревари (овој против Сандерленд на Аморим ќе му биде 34-ти), најмногу освоил Луј ван Гал, дури 65, следува Муринјо со 64, Ерик тен Хаг имал 63, Мојес 57, Солскјер 56, а Аморим 34.