Мбапе го брани Јамал: Дозволете му да се развива нормално, има само 18 години


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Килијан Мбапе, ѕвезда на Реал Мадрид, застана во одбрана на младиот Ламин Јамал, иако овој играч е дел од најголемиот ривал, Барселона.

Во последните неколку дена, Јамал е под лупа на јавноста поради критики врзани со неговиот личен живот. Мбапе испрати јасна порака дека ваквите прашања не треба да бидат во центарот на вниманието.

„Премногу се зборува за неговото приватно однесување. Станува збор за момче кое има само 18 години и нормално е да греши. Луѓето треба да му дадат простор и време да созрее“, изјави францускиот ас.

Тој истакна дека животното искуство ќе му покаже на Јамал што е добро и што не за неговата кариера. На крај, најважно е она што го прикажува на теренот.