Пол Сколс без милост: Тројца играчи на Манчестер Јунајтед веќе не се на ниво на Премиер лигата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс остро ги критикуваше тројцата фудбалери на Црвените ѓаволи. Манчестер Јунајтед минува низ многу тежок период на почетокот на сезоната.

Екипата на Рубен Аморим забележа само три победи во седумте натпревари во првенството, додека изненадувачки испаднаа од Карабао купот од екипата на Гримзби Таун, член на четвртото ниво на англискиот фудбал.

По серијата на лоши резултати, многу играчи на Јунајтед се соочија со критики.

Најновиот меѓу нив беше Пол Сколс, кој во интервју за The Times без двоумење истакна дека тројца клучни фудбалери веќе не се на нивото што го бара Премиер лигата.

“Шо, Мегваер, Каземиро – сите тие беа одлични играчи, но сега се во фаза од кариерата каде што Премиер лигата едноставно ги открива ако не се физички на висината на задачата”, рече Сколс.