Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јаник Синер доминантно ја одбрани титулата на турнирот Шест кралеви со победа во финалето во Ријад против Карлос Алкараз.
Дури и полесно отколку што се очекуваше, во два сета со 6:2, 6:4, Италијанецот сосема заслужено го понесе вредниот трофеј.
Станува збор за рекет излеан од чисто злато, кој му го предадоа организаторите и главните финансиери на овој луксузен турнир.
Бидејќи е сето од злато, вредноста на овој пехар е проценета на 250.000 долари, објавено е од „Марка“.
Имајќи предвид дека сите учесници добија по 1.500.000 долари, во однос на тоа цената на трофејот не изгледа многу, но е секако еден од највредните, ако не и највредниот што Синер го има во својата колекција.
.Јаник Синер добива награда Златниот Рекет по неговата победа против Карлос Алкарас 🎾 pic.twitter.com/WKEzaPgLwW
— Netflix Sports (@netflixsports) 18 октомври 2025