Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јирген Клоп освои скоро сè што може со Ливерпул, а додека ужива во одмор од тренерската работа, се појавува во јавноста повеќе од обично, па така откри и за кој играч жали што не го донесе на Анфилд.
Клоп помина скоро десет години во Ливерпул и овој клуб го врати на самиот врв на светскиот фудбал.
Сепак, по девет сезони одлучи дека е време за одмор, па минатото лето го напушти Ливерпул и зеде пауза од тренерската работа.
Германскиот експерт моментално ја извршува улогата на спортски директор во Ред Бул групацијата и е одговорен за Лајпциг, Њу Јорк, Омиија, Лидс, Париз и Брагатињо на глобално ниво.
Меѓутоа, Клоп има доста повеќе слободно време да се појавува во медиумите и да зборува за актуелни состојби во фудбалот, но и да се осврне на својата тренерска кариера.
Така, во едно интервју зборуваше за своето време во Ливерпул, а новинарот го праша Клоп дали постои фудбалер за кого жали што не го донел на Анфилд додека бил тренер на англискиот клуб.
На Клоп не му требаше многу време за размислување, па наведе за кого жали што никогаш не го донел во Ливерпул.
“Единствениот фудбалер за кого жалам и се каам што не го донесов во Ливерпул е Сон Хеунг-Мин. Тој би се вклучил фантастично во играта на Ливерпул”, призна Клоп.