Ливерпул донесе одлука за Мохамед Салах


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул убедливо го совлада тимот на Ајнтрахт од Франкфурт, но во таа победа не учествуваше со голови или асистенции Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач е во пад на формата, а Ливерпул донесе одлука што се однесува на продолжување на соработката со голгетерот.

Салах е во пад на формата во последно време, меѓутоа, на „Енфилд“ безусловно веруваат во неговиот квалитет и одлучија да не го продаваат Египќанецот во наредниот период. Се шпекулираше зимава дека Салах би можел да се пресели во Саудиска Арабија, но од тоа не излезе ништо.

Тогаш „Египетскиот крал“ доби нов договор и Ливерпул планира да го задржи Салах до истекот на споменатиот договор кој трае до 2027 година.

Против Франкфурт, Салах беше резервен и влезе во игра во 74. минута. Последниот гол го постигна против Атлетико Мадрид на 17 септември. Потоа, не учествуваше во головите на својот тим во следните пет натпревари, вклучително и синоќешната против германскиот тим.