Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го победија Јувентус со 1:0 во дербито од третото коло на Лигата на шампионите, а по натпреварот Арда Гулер стана хит на социјалните мрежи поради реакцијата кога дозна дека е прогласен за играч на натпреварот.
Кралевите го продолжија победничкиот серијал во Лигата на шампионите и ја запишаа третата последователна победа во досегашниот дел од Лигата на шампионите.
Иако Реал Мадрид синоќа не беше премногу блескав, на крајот успеа да го совлада Јувентус, а одлучувачкиот гол го видовме во 57. минута кога Џуд Белингам ја затресе мрежата на Старата дама.
Како што сезоната напредува, се гледаат промените во играта на Кралевите кои ги воведува Чаби Алонсо и многумина веруваат дека Реал Мадрид ќе игра се подобро.
Еден од играчите кој доби вистинска шанса по доаѓањето на Алонсо е Арда Гулер, кој синоќа играше од првата минута и повторно беше еден од најдобрите на теренот.
Ова го докажува фактот дека токму турскиот репрезентативец беше избран за најдобар играч на натпреварот, што тој самиот не го очекуваше.
Имено, многумина ги насмеа сцената на крајот од натпреварот кога му пријдоа на Гулер и му кажаа дека ја добил наградата за играч на натпреварот, што го изненади, а неговата реакција беше урнебесна.
.Arda Güler’s reaction to finding out he’s MOTM 🤣 pic.twitter.com/5tMe8lLsRc
— Madrid Zone (@theMadridZone) October 22, 2025