Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бруно Фернандеш објави за примамливата понуда од клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија, кој беше заинтересиран да го ангажира во својата екипа.
Според него, понудата беше значителна, не само за него туку и за Манчестер јунајтед, кој би заработил помеѓу 80 и 100 милиони евра. Сепак, португалскиот фудбалер ја одби можноста за трансфер и реши да остане дел од Манчестер јунајтед.
„Финансиски гледано, сè беше фантастично – огромна плата и официјална понуда од Ал Хилал, како и уште неколку други тимови. Но, мојот одговор беше јасен – не. Разговарав со Рубен Аморим, кој ми рече дека смета на мене, а јас сè уште имам недостигнати цели. Сакам да освојувам титули со Јунајтед“, изјави Фернандеш.
















