Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, потврди дека полицијата привела осомничени за обид за напад врз фудбалер и киднапирање на еден бизнисмен.
Таа не прецизираше за кого точно станува збор, но според изворот на споменатиот портал РИА Новости, се работи за Андреј Мостовој. Наводно, фудбалерот на Зенит бил нападнат од неколку лица. Тие се обиделе да го втурнат во автомобил, но случаен минувач му притрчал во помош и го спасил од криминалците. Наводно, сè се случило во текот на ноќта на 23 октомври.
Два дена подоцна, на истото место бил киднапиран еден бизнисмен. Бил присилен да влезе во автомобил и да им предаде голема сума пари на криминалците, а потоа бил пуштен. Полицијата од Санкт Петербург објасни дека четворица мажи биле приведени. Против нив се покренати казнени постапки заради киднапирање, обид за киднапирање и грабеж.
– Во Санкт Петербург, моите колеги од криминалистичката полиција уапсиja осомничени за киднапирање на бизнисмен и обид за киднапирање на познат фудбалер – напиша Волк на својот канал на Телеграм.
















