Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Ова не е сезоната во која Антоан Гризман е клучниот играч во Атлетико Мадрид. Се разбира, веќе не е ни во години кога може да испорачува како претходно.
Но, се адаптираше на улогата која му ја додели Диего Симеоне и кога е потребно да влезе и да ја помогне екипата, тој тоа го прави.
На крајот на краиштата, станува збор за најдобриот стрелец на Атлетико на сите времиња. Човек кој стана симбол на клубот.
„Нова улога? Разбирам дека морам да бидам професионалец, да бидам пример и да им покажам на сите дека можам да играм и дека имам сè што е потребно за тоа, како и да заслужам место во стартната постава“, рече Гризман за шпанскиот “Ас”.
Се споменува неговото заминување веќе во летото иако има договор до 2027 година. Се пишуваше дури и за можноста за авантура во Олимпик Марсеј, но пореален е друг континент. Колку му пречат шпекулациите?
„Не ми пречат. На крајот на краиштата, секогаш сум бил тема на некакви разговори. Од првиот ден кога дојдов, па до последните денови ќе биде така. Но, како што веќе реков, многу сум среќен тука. Сите знаат дека МЛС е мојот сон, мојата цел. Сè уште имам договор, сакам да го продолжам и да бидам важен играч”+“, наведе тој.
Гризман оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна четири гола.
















