Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Напаѓачот на Ливерпул Уго Екитике верува дека неговиот клуб во следните недели ќе успее да постигне серија победи во Премиер лигата.
Шампионот на Англија не ја отвори добро сезоната во која влезе со огромни амбиции, па по 11 одиграни кола има 18 бодови на осмото место на табелата. Тоа е осум помалку од лидерот Арсенал и четири од второпласираниот Манчестер Сити.
Ливерпул утре од 16 часот го дочекува Нотингем Форест во 12. коло.
„Мислам дека ова ќе биде тежок период, ниту малку лесен натпревар, но и претходните натпревари пред репрезентативната пауза беа очигледно тешки. Мораме да држиме заедно и вистински да се поддржуваме, бидејќи ова ќе биде многу напорен период со многу натпревари, но оптимист сум. Фудбалот е ствар на момент. Сезоната ја започнавме така што ги добивавме сите натпревари со голови во последен момент. Потоа почнавме да губиме, но мислам дека тоа можеме да го смениме“, изјави Екитике.
Репрезентативецот на Франција пристигна во Ливерпул летово за 95 милиони евра од Франкфурт.
Тој постигна шест голови на 16 натпреварувачки натпревари за “црвените”, но последниот пат во Премиер лигата беше стрелец во септември.
















