Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Невиден скандал го потресе црногорскиот фудбал. Натпреварот од Втората младинска лига на Црна Гора помеѓу Стариот Аеродром и Беране беше прекинат во 71. минута поради жестока масовна тепачка на теренот.
Еден фудбалер од Беране, кој беше заменет за време на натпреварот, се пресоблече и отиде на трибините. Меѓутоа, кога на теренот дојде до туркање меѓу играчите, тој ја прескокна оградата истрча на теренот и удри фудбалер од противничкиот тим кој лежеше на носилка.
Ова доведе до масовна тепачка во која учествуваа и родителите на фудбалерите, пренесува „RTCG“.
Главниот судија на натпреварот Василие Љумовиќ подели дури 10 црвени картони – шест на играчите на Стариот Аеродром и четири на фудбалерите од Беране.
Делегатот на натпреварот беше принуден да ја повика полицијата бидејќи редарската служба не успеа да го спречи ескалирањето на конфликтот.
Полицијата пристигна и веднаш на лице место ги приведе учесниците на срамниот инцидент.
















