Состојбата на Влаховиќ е сè полоша – дали ќе треба операција?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Загриженоста на навивачите на Јувентус и Србија расте откако клубот објави дека Душан Влаховиќ добил сериозно кинење на адукторот на левата нога за време на натпреварот против Калјари.

Српскиот напаѓач почувствувал силна болка уште во првото полувреме на саботниот дуел, се фатил за препонот и со болна гримаса го напуштил теренот куцајќи.

Два дена подоцна, Јувентус потврди дека повредата е потешка од она што првично се мислеше – станува збор за поголемо кинење на адукторот долгус, поради што Влаховиќ ќе мора да направи пауза од најмалку два до три месеци.

Тоа значи дека за него 2025 година е практично завршена, а враќањето пред февруари, па дури и март, изгледа малку веројатно.

Во наредните денови следи серија состаноци и консултации на медицинскиот тим за да се одлучи за најдобриот начин на третман. Меѓутоа, поради обемот на кинењето во Јувентус веќе се размислува и за можноста за операција.

Иако одлуката за операција сè уште не е дефинитивна, извори од клубот наведуваат дека тоа е еден од сценаријата кои сериозно се разгледуваат.

Повредата доаѓа во незгодно време – токму кога новиот тренер Лучано Спалети го означи Влаховиќ како главна ударна напаѓачка опција.

Србинот под неговото водство веќе придонесе со важни резултати: постигна гол во Лигата на шампионите против Спортинг, а асистираше против Фјорентина.

Во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари, со шест гола и две асистенции.