Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Реал Мадрид се најде во неповолна ситуација трет натпревар по ред против екипа од долниот дел на табелата. Во 14. коло одигра само 1:1 против Жирона, која се наоѓа во зоната на испаѓање. Со тоа Реал го препушти првото место на актуелниот шампион Барселона. Жирона поведе со голот на Азедине Оунахи во 45. минута. За Реал израмни Килијан Мбапе во 67. минута од пенал кој го изнуди Винисиус.
По тоа Винисиус повторно се обиде да изнуди пенал, но го направи тоа со театарски пад, и тоа без да го допре противничкиот одбранбен играч. Судијата Де Бургос Бенгоексеа не се излажа на глумата на Винисиус, но навивачите на Жирона се гневни што напаѓачот на Реал не беше казнет со жолт картон за симулирање.
Со новиот неуспех, Реал продолжи со кризата. Во последните пет натпревари победи само еднаш, против Олимпијакос во Лигата на шампионите. Освен споменатите три нерешени резултати по ред во Ла Лига (Рајо Ваљекано, Елче, Жирона), во посочениот период загуби кај Ливерпул во Лигата на шампионите.
Вини Џр. Фаллон д’Флоор против Жирона ФК.
byu/AniStormS insoccer
















