Дончиќ итно отпатува за Словенија: Лука го пропушта мечот против Лејкерси


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерси, Лука Дончиќ, итно отпатува во Словенија за да присуствува на раѓањето на своето второ дете, пренесуваат американските медиуми.

Поради најубавата можна причина, Лука ќе го пропушти мечот против Торонто Репторс, чиј тренер е Дарко Рајаковиќ.

Неговата избраничка Ана-Марија Голтес наскоро ќе го донесе на свет нивното второ дете, па Лука, со дозвола од клубот, ја напушти екипата за да присуствува на еден од најубавите настани во неговиот живот.

Да потсетиме, Лука и Ана-Марија веќе имаат ќерка, Габриела, која неодамна го прослави својот втор роденден.

.