Тухел има идеја за СП 2026 која сите ги изненади


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел најави необична тактика за настапот на таа селекција на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

На денот кога се одржува ждрепката за најголемото планетарно натпреварување следната година, пристигна неговата изјава која многумина ги изненади.

Имено, Тухел размислува за можноста резервните играчи за време на натпреварот да не бидат на клупата, туку во соблекувалните и од таму да ги следат настаните.

Причината се високите температури кои во одредени градови, а Мундијалот ќе се игра во вкупно 16, ќе надминат 40 степени.

Поради тоа, Тухел смета дека на резервистите би им било полесно да го следат мечот на телевизор од климатизирани простории, отколку да бидат на толкава жештина.

“Ако тоа ни помогне подоцна во играта, кога ќе влезат во игра, сметаме дека тоа е можност што можеме да ја искористиме. Никому тоа не му се допаѓа бидејќи сакам играчите да бидат овде и да ја почувствуваат енергијата и да пренесат енергија од клупата на теренот, но знам која е користа”, рече Тухел и додаде:

“Гледав тимови и играчи како го прават тоа на Светското клупско првенство. Се надевам дека можеме тоа да го избегнеме. Секогаш е подобро ако можат да бидат со нас”.