Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Бразил на Светското првенство 2026. година доби „тешка група“ каде ривали му се Мароко, Шкотска и Хаити, изјави во петокот по ждребот во Вашингтон бразилскиот селектор Карло Анчелоти. Неговата екипа првиот натпревар ќе го одигра на 13 јуни 2026. против Мароко, а потоа следуваат средбите со Хаити на 19 јуни и со Шкотска на 24 јуни.
„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство 2022. во Катар, каде стигна до полуфиналето, додека Бразил испадна во четвртфиналето. Шкотска има многу силен состав, ќе биде многу тешко“, изјави селекторот на петкратните светски прваци за бразилскиот канал Спортв.
„Мораме да се обидеме да завршиме први во групата. Над сè, треба добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Треба да размислуваме за победа во сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противници. Мораме да имаме самодоверба“, додаде тој.
















