Бомба од Островот: Естевао во трансфер вреден 120 милиони евра заминува од Челзи

Откако стигна во Челзи, младиот Естевао Вилијан ги освои симпатиите на навивачите од Лондон, бидејќи игра навистина феноменално.

Сега сé повеќе се зборува за неговото заминување од Челзи, а се претпоставува дека еден клуб толку многу го “пожелал” што се подготвени да платат 120 милиони евра за него.

Откако Пеп Гвардиола го критикуваше Рајан Черки, медиумите од Англија тврдат дека е подготвен да го ангажира драгоценоста на Челзи.

Еставао пристигна во Челзи во јули, но веќе покажа дека е клучен играч во екипата која ја води Ензо Мареска.

Досега одигра 20 натпревари, при што постигна пет голови и запиша една асистенција.

Брзо стана миленик на навивачите, а сé започна кога го постигна победничкиот гол против Ливерпул во октомври.

Навивачите на Челзи со нетрпение го очекуваат и Палмер да биде подготвен, за да видат како нивниот напад ќе изгледа со овие двајца играчи.

Како што тврдат Англичаните, а и шпанскиот Фичајес, Манчестер Сити сака што побрзо да го донесе од Лондон.

Токму, Манчестер Сити наводно подготви понуда од 120 милиони евра и сакаат Естевао да биде нивниот најскапо платен играч некогаш.