Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Легендарниот напаѓач на Ливерпул и англискиот фудбал, Роби Фаулер (50), откри дека неодамна имал операција на рак на кожата на лицето. Поранешниот напаѓач ја сподели веста со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи слики пред и после интервенцијата. Фаулер со фотографиите им порача на фановите дека “сега е сè во ред” и ја искористи шансата да го зголеми сознанието за важноста од прегледување на сомнителни молови и дамки на кожата.
“Пред и после… Во последно време неколку луѓе ми говорат иста работа: одете и проверете ги тие дамки/молови, базално-клеточен карцином. За среќа, бидејќи беше рано откриен, сè е во ред… Сега само треба да најдам клуб”, напиша Фаулер.
Фаулер останува запаметен како еден од најсмртоносните напаѓачи во историјата на Премиер лигата, каде постигна 163 гола. Долги години го држеше рекордот за најбрз хет-трик, кој против Арсенал го постигна за само четири минути и 33 секунди. Тој рекорд чинеше полни 20 години.
















