Мбапе му даде на полицаецот 60.000 евра, па го испратија во пензија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полицаецот кој беше задолжен за безбедноста на фудбалската репрезентација на Франција беше казнет со предвремено пензионирање откако од ѕвездата на тимот Килијан Мбапе доби дарежлив паричен подарок. Одлуката ја донесе Главната управа на националната полиција на Франција (DGPN), а случајот го изнесе агенцијата AFP, повикувајќи се на пишувањето на весникот Le Monde.

Адвокатот на полицаецот, Жан-Батист Суфрон, порано изјави дека донацијата била сосема законита, извршена преку чек и дека не постоела законска обврска таа да се пријави. Иако полицаецот бил предмет на административна истрага – и во октомври се појавил пред дисциплинската комисија која не му изрекла никаква санкција, следел пресврт.

Неколку недели подоцна, на 20 декември, DGPN сепак донесе одлука за негово предвремено пензионирање. Како причина беше наведено тоа што за подарокот не ги известил своите претпоставени.

Неговиот адвокат најави жалба до управниот суд, истакнувајќи дека одлуката на DGPN е противречна, особено затоа што другите обвиненија против полицаецот беа отфрлени.