Артета „загреан“ за англискиот репрезентативец вреден 70 милиони евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал веќе активно го планира летниот преоден рок, а едно име посебно се издвојува на листата желби на Микел Артета. Станува збор за десниот бек на Њукасл Јунајтед и на англиската репрезентација, Тино Ливраменто.

Шпанскиот стручњак сака дополнително да ја зајакне конкуренцијата во задната линија, а Ливраменто совршено се вклопува во профилот на модерен бек каков што бара Артета. Неговата брзина, енергија и техничка вештина го прават особено ценет на Островот.

Според извештаите на англиските медиуми, Арсенал веќе подолго време го следи развојот на 23-годишниот дефанзивец. Скаутите на лондонскиот клуб редовно ги следат неговите настапи во дресот на Њукасл.

Њукасл е свесен за интересот кон нивниот играч и нема намера да го пушти лесно. Минатата година се спомнуваше сума поголема од 60 милиони фунти, што во евра изнесува околу 70 милиони.