До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чаби Алонсо од понеделникот веќе не е тренер на Реал Мадрид. Тој беше заменет еден ден по поразот од 3:2 против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер е Алваро Арбелоа (42). Од Чаби на социјалните мрежи се простија речиси сите играчи на Реал. Во пораките што ги напишаа по овој повод, истакнуваат почит кон Чаби и неговото знаење и сожалување што повеќе нема да соработуваат.
Шпанските медиуми истакнуваат дека е индикативно што од сменетиот тренер не се простија само тројца играчи. Тие се Винициус, Трент Александар-Арнолд и Франко Мастантуоно. За Бразилецот тоа се очекуваше затоа што пред два месеци започна побуна против тренерот. Потоа тој и Чаби се обидуваа да покажат дека го поправиле односот, но никој не им веруваше.
Александар-Арнолд беше донесен од Ливерпул како нов десен бек, но поради повреда беше изоставен од тимот точно кога Чаби започна да му дава шанса. Мастантуоно е млад (18) играч за врска кој дојде летово од Ривер Плате за 45 милиони евра. Под водство на Чаби одигра 17 натпревари, од кои 10 како стартер.
















