„Кeрик е тактички брутален, навивачите ќе застанат покрај легендата на Јунајтед“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од фудбалерите на Манчестер Јунајтед е особено оптимистичeн со доаѓањето на Мајкл Карик, и објасни зошто.

Хари Мегваер се врати на теренот во вистински момент, а пред големото градско дерби против Манчестер Сити одлучи јавно да го поддржи новиот привремен тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик.

Капитенот на Црвените ѓаволи не го крие воодушевувањето од она што го виде во првите денови на работата на новиот стручен штаб.

Стоперот на Јунајтед истакнува дека иако станува збор за краток период, Карик веќе оставил силен впечаток во соблекувалната.

Според неговите зборови, Карик многу јасно ги пренесува барањата, знае што сака од екипата и не остава простор за конфузија на теренот.

„Заистина сум импресиониран“, призна 32-годишниот стопер и продолжи: „Го познавам Карик од порано и секогаш сум зборувал многу пофално за него. Беше одличен тренер додека работеше тука под Оле Гунар Солскјер.“

Искуството кое Карик го стекнал како главен тренер на Мидлсброу Мегваер го смета за клучна предност.

Смета дека тој период дополнително го изгради и му даде ширина потребна за водење на голем клуб каков што е Манчестер Јунајтед.

„Има одлични идеи, одлично зборува, а тактички е навистина, навистина силен. Покрај тоа, сега зад себе има сериозно менаџерско искуство од Мидлсброу. Сигурен сум дека ќе дојде и ќе ги имплементира своите идеи“, додаде Мегваер.

Мегваер смета дека навивачите тоа ќе го препознаат. Кариковиот статус како клупска легенда би можел да биде пресуден фактор во моментите кога на екипата ќе ѝ биде потребна дополнителна енергија од трибините на Олд Трафорд.

„Тој е легенда на клубот и сигурен сум дека навивачите ќе застанат покрај него. Тоа е многу важно во вакви натпревари“, истакна англискиот репрезентативец.