До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мајкл Керик не можеше да замисли подобар старт на клупата на Манчестер Јунајтед, бидејќи по победите над Сити, го победи и Арсенал и тоа по пресврт на „Емирати“ со 3-2.
Јунајтед сега е на четвртата позиција, со 38 бода, но зад него дишат Челси со 37 и Ливерпул со 36 освоени бодови.
Она што моментално е главно прашање во Манчестер е – дали Мајкл Керик е “тој” и дали треба да добие шанса како Рубен Аморим да стане долгорочно решение?
Легендарниот Арсен Венгер го фалеше Керик по ваквиот старт на клупата на Јунајтед.
„Мислам дека нешто значително се случи со овој тим на Јунајтед, поради начинот на кој ги победија Сити и потоа Арсенал. Начинот на игра навистина ветува. Кога Арсенал се врати и израмни на 2:2, обично тогаш победуваат домаќините. Но, тие повторно ја пронајдоа својата игра, од одлична акција дадоа трет гол и запишаа голема победа. Играа феноменален натпревар и морам да честитам на Керик, фактот е дека гради посериозен тим“, рече Арсен Венгер.
Од друга страна, Рој Кин не е толку убеден дека Керик е вистинскиот човек за Јунајтед на долг план.
„Секој може да победи две натпревари. Дури и Јунајтед да заврши како четврти на табелата од Премиер лигата, сепак не би бил убеден дека е вистинскиот човек. На Јунајтед му требаат поголемо име и подобар менаџер. Дури и Јунајтед да победи на сите натпревари до крајот на сезоната, сепак не би му дал работа за следната сезона“, рече Кин.
Очекувано, со него речиси никој не се согласи, затоа што сметаат дека претера, а меѓу навивачите сега владее генералното мислење дека Керик заслужува да остане ако продолжи вака.
















