Веќе не можеше да молчи: Ван Дајк брутално ги нападна легендите на англискиот фудбал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Зборови кои одекнаа посилно од било кој старт на теренот. Капитенот на Ливерпул веќе не молчи и јасно ги критикува оние од другата страна на екранот. Пораката е јасна – критика да, но понижување не.

Вирџил Ван Дајк уште еднаш покажа зошто ја носи капитенската лента на Ливерпул, не само на теренот туку и надвор од него.

Искусниот Холанѓанец отворено зборуваше за се почестите критики кои доаѓаат од поранешни фудбалери, а кои, според неговите зборови, често ја преминуваат границата и стануваат неодговорни.

Ван Дајк смета дека пензионираните професионални играчи мора да размислуваат за последиците од нивните зборови, особено кога е во прашање младите фудбалери кои штотуку градат кариера во модерниот, медиумски суров фудбал.

Оваа тема особено е актуелна оваа сезона, со оглед на тоа што Ливерпул поминува низ тежок период и второ последователно паѓање на формата под водство на тренерот Арне Слот.

Капитенот на Црвените веќе претходно влезе во вербален судир со Вејн Руни, а критиките кои доаѓаа од неговата страна ги оквалификува како “мрзеливи”.

Сега Ван Дајк повторно се врати на истата тема, овој пат во разговор со уште еден поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, во пресрет на големото дерби против Манчестер Сити на Енфилд.

„За мене лично, можам да се справам со тоа, но малку сум загрижен за следната генерација”, рече Ван Дајк за Sky Sports.

„Чувствувам дека поранешните врвни играчи имаат одговорност кон новата генерација.”

„Критика е апсолутно нормална и дел од играта и сметам дека така треба и да остане. Но понекогаш критиката преминува во кликбејт, во изговарање работи само за да се предизвика реакција, без размислување за последиците по менталната состојба на играчите, особено младата генерација, која постојано е на социјалните мрежи.”