До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ерлинг Халанд уште еднаш потврдува зошто важи за еден од најопасните напаѓачи во Премиер лигата, особено кога игра против најсилните клубови.
Норвешкиот голгетер има импресивен учинок во голови и асистенции против т.н. „топ-6“, при што најмногу блеска во дуелите со Манчестер јунајтед, против кои учествувал во дури 11 погодоци.
Против Арсенал има вкупно 7 голови и асистенции, додека против Челси и Тотенхем бројката е идентична – по 6 директни учества во голови. Најскромен ефект Халанд има против Ливерпул, каде што запишал 4 гола и асистенции, но и тоа е доволно за да се потврди неговото влијание во најголемите дерби-натпревари.
















