Мурињо каков што не сте виделе: Тргна во пресметка со судијата, викаше, а на крајот е… (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сè видовме во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, каде што Реал славеше во Лисабон со 1:0 и стекна предност пред реваншот на Сантијаго Бернабеу следната недела.

Реал победи со голот на Винисиус, кој имаше и свои контроверзни моменти.

Винисиус ги испровоцира навивачите на Бенфика пред кои славеше погодокот, а потоа следуваше хаос.

Дојде до тепачка на теренот, а судијата го прекина натпреварот. Вини беше расистички навредуван од трибините. По овие сцени, во финишот на сцена излезе Жозе Мурињо.

Тренерот на Бенфика постојано разговараше со судиите, вршеше притисок, а во 84-тата минута ги загуби нервите.

Тргна жестоко во пресметка со судијата, беше сопрен, а на крајот му приговараше на четвртиот судија. Сето тоа резултираше со црвен картон и Мурињо нема да може да ја води Бенфика на реваншот во Мадрид.

.