Артета покажа колку е „кукавица“, Арсенал во голем проблем


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал направија голем кикс во 31. коло од Премиерлигата играјќи само 2:2 на гости кај Вулверхемптон.

Ова беше дуел меѓу прво и последно место и сите очекуваа лесна победа на Топчиите кои се борат за титулата со Манчестер Сити.

Навивачите на Арсенал ја насочија својата лутина поради киксот против Вулвс кон само една личност, а тоа е тренерот на тимот, Микел Артета.

„Тој нема менталитет за освојување на Премиерлигата за Арсенал”.

„Артета ја врати лигата во рацете на Манчестер Сити”.

„Минатата сезона, кога Артета ја смени тактиката кон сигурна игра и контрола, беше очигледно дека има проблем. Сега прави исто, ја загуби лигата”.