До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ѝ даде „зелено светло” да се активира клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) официјално ќе стане играч на „топџиите”, пренесуваат англиските медиуми.
Еквадорскиот дефанзивец уште летово пристигна во Лондон на позајмица од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, со одлична игра се покажа и Арсенал ќе го откупи кога ќе започне следниот трансфер период по цена од 52.000.000 евра.
Инкапие е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во одбраната, а Артета го користи најмногу како лев бек оваа сезона.
Ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафјори беше повреден, се наметна во првите 11, а за викендот доби предност пред опоравениот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.
Како дел од договорот за позајмица, веќе е усогласен и петогодишен договор кој Инкапие ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10% од евентуалниот идниот трансфер.
Овој фудбалер сега се надева дека по титулата шампион на Бундеслигата, која ја освои со Леверкузен пред две години, ќе ја освои и титулата во Премиер лигата.
















