Погледнете со кој тим Мурињо последен пат славеше во нокаут фазата на Лигата на шампионите!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо повторно испадна во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Неговата Бенфика не беше конкурентна на Реал Мадрид во бурниот двомеч во кој Мурињо во реваншот немаше право ниту на стадионот да биде.

Верувале или не, сега поминаа веќе 12 години од како Мурињо забележа победа во елиминациската фаза на Лигата на шампионите. Последниот пат тоа се случи во сезоната 2013/14, кога стигна до полуфиналето, а во четвртфиналето го елиминираше Пари Сен Жермен. 

И тоа Челзи беше поразен во Париз со резултат 3:1, единствениот гол за „сините“ го даде Еден Азар од пенал, но потоа следуваше голем пресврт во реваншот. Челзи славеше со резултат 2:0, Андре Шурле го постигна првиот гол во 32-та минута, за во 87-та Демба Ба да погоди за поминување на Челзи поради правилото за гол во гости. 

На тој натпревар за Челзи настапуваа: 

Чех, Ивановиќ, Кејхил, Тери, Аспиликуета, Давид Луиз, Лампард, Вилијан, Оскар, Азар, Ето. Додека од клупата влегоа Шурле, Демба Ба и Фернандо Торес.

Сепак, во борбата за пласман во финале од Челзи подобар беше Атлетико Мадрид. По 0:0 во Мадрид, Челзи на својот „Стамфорд Бриџ“ загуби со 1:3.