До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Бенфика, славниот Португалец Жозе Мурињо, одржа конференција за медиумите, прва по тоа што неговиот тим испадна од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Мурињо од новинарите, меѓу останатите, доби и прашање дали би се вратил во Реал Мадрид, кој го водеше од 2010 до 2013 година.
“По проблемите со Реал, ми рековте дека сум ја пропуштил шансата за враќање. Ме прашавте дали е можно да се каже ‘не’, а јас реков дека е. Мислите ли дека можев да му кажам ‘не’ на Флорентино ако сакав да се вратам во Реал?” праша Мурињо.
“Имам многу мани, но мислите ли дека сум глупав? Бев објективен кога реков дека сакам да останам. Само што не сакавте да ја разберете мојата објективност. Јас бев тој што даде насока дека сакам да останам, но вие тоа не го разбравте”, им порача на медиумите.
















