Слот го истакна проблемот на Премиер лигата: Ова е новата реалност


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако во првата сезона ја освои титулата, тренерот на Ливерпул Арне Слот се соочува со предизвици во неговата втора година на Енфилд. Неговиот тим моментално се наоѓа на петто место на табелата, зад Манчестер Јунајтед и Астон Вила, но холандскиот стручњак повеќе го загрижува стилот на игра во англиското првенство, за кој тврди дека натпреварите не се привлечни за гледање.

Слот смета дека премногу се придава важност на прекините, а како еден од главните заговорници на таквиот пристап го истакнува тренерот на Арсенал, Микел Артета. Своето мислење го поткрепи со споредба со други лиги. „Мислам дека ова главно се случува во Премиер лигата. Ова е новата реалност. Кога ги гледам другите лиги, не ми се чини дека се придава толкава важност на прекините. На пример, на натпревар во Ередивизија гледам поништени голови и прекршоци врз голманите и помислувам: ‘колкава разлика!'”, изјави Слот.

Холанѓанецот призна дека натпреварите од Премиер лигата не ги гледа од задоволство, туку своето слободно време повеќе го посветува на други натпревари. “Повеќето натпревари од англиската лига што ги следам не ми се забавни, но секогаш се интересни затоа што лигата е многу конкурентна и тоа е она што ја прави голема”, објасни тој.