До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид и бразилската фудбалска федерација вчера потврдија дека Родриго заработил тешка повреда на предните вкрстени лигаменти и дека поради тоа ќе го пропушти претстојниот Светско првенство (извесно и поголемиот дел од следната сезона), а денес се шират вести како 25-годишниот напаѓач всушност од 2023 година играл со делумна руптура на ACL?!
Како што наведува угледниот The Athletic, по една од репрезентативните акции пред три години и враќањето во Мадрид, лекарите на Реал увиделе дека кај Родриго постои делумно пукање на предниот вкрстен лигамент. Извори запознати со ситуацијата, кои сакале да останат анонимни, откриваат дека тогаш медицинската служба на мадридскиот клуб одлучила за поконзервативен начин на лекување, бидејќи делумната руптура не секогаш бара хируршка интервенција.
“Тогаш беше речено дека постои одреден ризик од посериозен проблем со предниот вкрстен лигамент, но дека тој ризик може да се ублажи со поголема превентивна работа, како што се физиотерапии и вежби во теретана“, пишува The Athletic.
Родриговиот случај не е единствен во фудбалот, меѓутоа очигледно е дека во неговиот случај не заврши онака како што лекарите предвиделе и планирале…
















