До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Австралија, со која започна новата, 77. сезона на шампионатот.
Расел на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн го забележа шестиот триумф во кариерата, а на второ место заврши неговиот тимски колега Италијанецот Андреа Кими Антонели.
На последното место на победничката платформа се искачи возачот на Ферари Шарл Леклер, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го зазеде четвртото место.
Петтото место му припадна на бранителот на титулата, возачот на Мекларен Ландо Норис, шести заврши четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а седмото место го зазеде возачот на Хас Оливер Берман.
Бодови освоија уште возачот на Рајсинг Булс Арвид Линдблад, Габриел Бортолето од Ауди и возачот на Алпин Пјер Гасли.
Расел за победата освои 25 бодови, Антонели на второто место има 18 бодови, а Леклер е трет со 15 бодови.









