Реал е спремен за лето, два договори за 300.000.000 евра по сезона!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид апсолутно ја користи фактот дека е еден од најгледаните клубови во светот, а нивното богатство се отсликува и во тоа.

Според шпанските медиуми, Реал дополнително ќе ги зголеми своите приходи од спонзори чии имиња ќе се појават на дресот на овој клуб.

Најпрво, Реал ќе потпише нов договор со Адидас, со зголемени услови за приход за Мадриѓаните, а вториот најважен спонзор на дресот е “Fly Emirates”, кој исто така ќе го обнови договорот.

Реал беше тој што побара зголемување на договорот, а двата спонзора го прифатија барањето на Мадриѓаните.

Двата спонзора ќе останат со клубот до 2031 година, а Реал треба да заработи цели 300 милиони евра по сезона само од спонзорите на дресот. Освен “Fly Emirates” и Адидас, на дресовите на Реал Мадрид се наоѓа и HP.

Сето ова ќе значи нови засилувања, пред сè на лето, кога Реал Мадрид ќе бара дефанзивец и играч за врска.