Барса ја одби понудата од 250.000.000 за Jамал, знае се и од кого


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Барселона се спроведува кампања пред изборите за претседател на клубот, актуелниот челник Ѓоан Лапорта сака нов мандат, а во рамките на својата промоција откри дека пред скоро две години одбил огромна понуда за најдобриот фудбалер на екипата Ламина Јамал.

Лапорта истакна дека Пари Сен Жермен во летото 2024 година, откако Јамал блесна во дресот на Шпанија и го освои ЕУРО во Германија, понудил дури 250.000.000 евра за него, но Барселона одлучи да ја одбие таа понуда.

Тоа е една од одлуките на која сум најмногу горд“, порача Лапорта, нагласувајќи дека клубот сака да го задржи играчот кого многумина веќе го гледаат како наследник на Лионел Меси.

Во меѓувреме, Јамал го продолжи договорот со Барселона до 2030 година, а Лапорта тврди дека младиот фудбалер е среќен во клубот и целосно посветен на проектот на “Камп Ноу”.