До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, се најде во центарот на вниманието во Англија откако се појави информацијата дека неговите соседи го пријавиле во полиција, а сега е познато и зошто.
Родри ја пропушти речиси целата мината сезона поради повреда и тоа откако беше прогласен за најдобар играч на светот, и ја освои Златната топка.
Оваа сезона шпанскиот врзувач успеа повторно да се врати на терен, но е јасно дека уште не ја достигнал формата која ја имаше пред тешката повреда на коленото.
Додека се обидува на терен да ја најде старата форма, Родри се соочува со проблеми и во неговиот личен живот.
Англиските медиуми од вчера зборуваат дека Родри има проблеми со законот и дека е пријавен во полицијата во Манчестер.
„Сан“ објави дека соседите на Родри одлучиле да ја пријават ѕвездата на Манчестер Сити, а еден од нив јавно откри зошто го сториле тоа.
Родри е пријавен дека ја нарушува приватноста на соседите бидејќи без дозвола користи дрон за снимање околу зградата во која живее.
„Живеам со сопругата на горниот кат во зградата и задното нешто што очекувате додека гледате телевизор е дрон на метар од вашиот прозорец”, изјави еден од соседите на Родри и додаде.
„Мојата сопруга е многу лута поради тоа. Една од предностите кога живеете на горниот кат е тоа што другите не можат да ве гледаат и следат секој ваш потег, но таа приватност сега е нарушена од страна на Родри и неговиот дрон”.
.🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Соседите на Родри го пријавија во полиција за летување на дрон пред прозорците на нивниот стан.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) 9 март 2026
Тие тврдат дека дронот им ја нарушил приватноста и дека се плашат дека тој можеби можел да види во нивните имоти додека тие се релаксираат дома.… pic.twitter.com/wuXotL22g7









