Ѕвездите на Ливерпул изгледаа како туристи во Истанбул

Ливерпул повторно загуби од Галатасарај во Истанбул. Има минимален заостаток пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на Енфилд. Шанси создаваше, но не успеваше да ги реализира и по оценката на Џејми Карагер не мрдна ни за педа.

Склон е некогаш да претерува поранешниот стопер на Ливерпул и англиската репрезентација, знае да изгуби контрола и да се разгори. По новиот пораз на Црвените, го нападна Арне Слот. Го гледа како виновник за сè што се случува, но не смета дека е исклучиво тој одговорен за негативните работи.

Но, по Џејми Карагер, тој е главниот за сè што не чини.
„Арне Слот го претвори Ливерпул од хеви метал во музика за лифтови. Некогаш тимовите се плашеа од Ливерпул во Европа, а во Истанбул изгледаа како туристи“, рече Џејми Карагер.