Бам постигна 83 поени и го надмина Коби! (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Веста ја обиколи планетата, звучи неверојатно, но се случи. Бам Адебајо постигна 83 поени против Визардс ноќеска, што е втор најдобар резултат во историјата.

Се разбира, Вилт останува со “стотката” на прво место, но центарот на Мајами го надмина починатиот Коби, кој постигна 81 поен. Адебајо во првата четвртина постигна 31 поен, 43 до полувреме, 62 до крајот на третата четвртина.

Шутираше 20 од 43 од игра, погоди 36 од дури 43 пенали, ова се историски рекорди во ноќешното чудо, а момчето од Џерси вложи седум тројки од 22 обиди. Претходниот рекорд во број на поени го држеше Леброн со 61 погодок кој го постигна против Шарлот во 2014.

.