Јокиќ испиша историјата во НБА-лигата, рекордот е импресивен (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ повторно покажа зошто се смета за еден од најдобрите играчи на денешницата. Во победата на Денвер Нагетс над Хјустон Рокитс со 129:93, српскиот центар го запиша својот 25. трипл-дабл оваа сезона, со што стана првиот играч во историјата на НБА со четири последователни сезони со 25+ трипл-даблови. НБА лигата веднаш се огласи и истакна колку е овој рекорд извонреден и уникатен во историјата на кошарката.

Освен историскиот трипл-дабл, Јокиќ одигра маестрален натпревар, завршувајќи со 16 поени, 12 скокови, 13 асистенции и 5 украдени топки, покажувајќи уште еднаш својата комплетна игра и способност да ги менува насоките на натпреварите.

Интересно, по новиот рекорд на Србинот, се огласи и НБА лигата на социјалните мрежи.

– Историја за Јокиќ.  Во вечерашната победа, Никола Јокиќ го запиша својот 25. трипл-дабл оваа сезона. Сега има четири последователни сезони со 25+ трипл-даблови, со што стана првиот играч во историјата на НБА кој ја достигнал оваа граница – напишаа тие.