До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бугарскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Поморје, Христо Бургазлиев (57), изврши самоубиство во неговиот автомобил на улица Поп Георги во Бургас, потврди окружниот обвинител Георги Чинев за локалните медиуми.
Трагедијата се случи сред бел ден, а деталите се застрашувачки. Бургазлиев се застрела во десната слепоочница со пиштол марка “Сиг Сауер”, кој го поседувал легално. Силата на истрелот била толку голема што куршумот го пробил стаклото на автомобилот, влетал во блиската продавница за домашна хемија и за влакно ја промашил работничката.
На местото на несреќата брзо пристигнале членови на семејството на починатиот бизнисмен, како и неговиот телохранител. Инаку, Бургазлиев речиси никогаш не се движел без обезбедување, особено кога подигал или депонирал пари во банка, а местото на трагедијата е веднаш до една од филијалите на ДСК банка.
.
















