До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Славниот португалски тренер Жозе Мурињо се расплакал за време на минутата молчење на натпреварот помеѓу Бенфика и Виторија Гимараеш во португалското првенство. Тренерот на Бенфика не можеше да ги задржи емоциите пред натпреварот. Пушти солза бидејќи минутата молчење беше посветена на неговиот поранешен соработник Силвино Лоро, со кого работел од 2000 до 2018 година.
Лоро беше тренер на голманите во сите клубови каде што работеше Мурињо во тој период – Порто, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер. Заедно освоија 23 трофеи, меѓу кои две Лиги на шампиони, три Премиер лиги, Лига Европа и УЕФА купот.
.Жозе Мурињо беше во солзи за време на минутата молчење во жалост за Силвино Лоро.💔
— FCBGavi (@tculer4) March 21, 2026
Нека Бог му се смилува и нека му прости 😢
pic.twitter.com/u1R51kgekZ
















