Елмас: Ова не ни се случува првпат, тешко е сега да се кажуваат приказни


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз од Данска, истакнувајќи дека ваквите лоши изданија не се изолиран случај и сериозно треба да загрижат.

Македонската репрезентација отпатува со оптимизам и самодоверба во Копенхаген, но прими четири голови на „Паркен“.

„Ова не е првпат да ни се случува ваква ситуација, во моментов е тешко да се зборува и да се кажуваат приказни. Имаме нов селектор, нов систем, се е ново, но долго време сме веќе заедно, има и играчи кои допрва треба да созреваат. Првото полувреме беше добро, се поставивме како што требаше, одигравме максимално фокусирано, имавме и напади, но на крајот изгубивме. Долго време зборуваме дека кога ќе влеземе во второ полувреме мора да бидеме фокусирани, но не успеавме“, кажа Елмас.