Проблеми за Арсенал и Сити, Тухел полуде, сите се прашуваат „што е со Роналд Араухо?“ (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, се здоби со повреда на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Уругвај, додека Фил Фоден ќе биде подложен на медицински тестови.

Мадуеке мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме кога Бовен го замени, а по натпреварот беше забележан со стегачи за колено, што секако е причина за загриженост на навивачите на Арсенал и Микел Артета.

Освен него, повреда доживеа и Фил Фоден, и тоа после грубиот старт на Роналд Араухо. Уругваецот жестоко стартуваше на асот на Сити, што го разбесни Томас Тухел. Тој после мечот ги критикуваше и Уругвајците поради грубата игра, но и судиите кои тоа го дозволија.

„Бев изненаден кога слушнав дека ВАР работи, мислев дека е расипан, бидејќи не проверија ниту фаулот над Мадуеке, ниту потоа над Фоден”, кажа лутиот Германец.

Инаку, Фоден неколку минути по овој старт ја напушти и играта, а степенот на повредата ќе биде дополнително познат.

Не е ни чудо што Араухо од синоќа се наоѓа на мета на критичарите, ова навистина беше непотребен старт на пријателски натпревар.

.