Енцо Фернандез нападнат во Лондон поради Реал Мадрид


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Енцо Фернандес ја вознемири јавноста кога отворено кажа дека би сакал да живее во Шпанија, поточно во Мадрид.

Минатите месеци се пишуваше дека Реал го следи Аргентинецот, но конкретни потези не беа преземени. Изгледа дека играчот од средниот ред сакаше да го направи првиот чекор, што не беше одобрено во Челси.

Како што пишува британски Телеграф, Фернандес сега е под лупа на навивачите на „Сините“ поради неговата изјава.

Би сакал да живеам во Мадрид. Прекрасен е град, ме потсетува на Буенос Аирес“, изјави Аргентинецот во подкастот SpiderCARP. 

На сето тоа, не беше јасен ни околу својата иднина во Лондон.

Не знам, не знам. Имаме уште осум натпревари во првенството и ФА куп. Светското првенство доаѓа, а потоа ќе видиме…“, рече Фернандес за аргентинскиот ESPN.

Поради тоа, му стигна одговор од легендата на Челси Џон Оби Мајкел.

Ова е Челси, а не отскочна даска за друг тим. Ако вашето срце веќе е во Мадрид, не треба да го носите синиот дрес. Во Челси игравме за значката, а не за идниот трансфер“, изјави Нигериецот во својот подкаст.