Хорор пред дерби: Ѕид паднал врз навивачи – има загинати (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Едно лице загинало, а 47 се повредени за време на собирањето на навивачи на јужната трибина на стадионот Алехандро Виланува во Лима, пред фудбалското дерби меѓу Универзитетот де Депортес и Алијанса Лима, соопштија властите.

Инцидентот се случил вчера околу 18 часот за време на собирањето на навивачи познато како „бандеразо“, кога приврзаниците на Алијанса Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како Матуте, во областа Ла Викторија, пренесе порталот „Инфобае“.

Според првите извештаи, дошло до уривање на структурата во близина на портата 13, но капетанот Маркос Пахуело од пожарната служба негираше дека трибината претрпела структурни оштетувања.

Според него, најверојатно станува збор за инцидент предизвикан од туркање меѓу навивачите кое довело до метеж.