До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денеска ќе се одиграат три натпревари од четвртфиналето на ФА купот, а еден привлекува многу поголемо внимание од останатите. Се работи, се разбира, за дуелот на Етихад меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
Неодамна екипата на Пеп Гвардиола го освои Карабао купот така што во финалето го победија тимот на Арсенал.
Сепак, Манчестер Сити претходно беше елиминиран од Лига на шампиони од Реал Мадрид.
Од друга страна, Ливерпул го обезбеди пласманот во четвртфиналето на Лига на шампиони откако беа подобри од Галатасарај.
Кога станува збор за домашното првенство, Манчестер Сити се бори за титулата со Арсенал, додека Ливерпул одамна „испаѓа” од таа битка.
Она што е сигурно кога се зборува за Манчестер Сити и Ливерпул, но и за Арсенал, е дека летото ќе донесе одредени промени во играчкиот состав на секој од овие клубови.
Многу се зборува во последно време дали Родри ќе биде дел од Манчестер Сити и следната сезона.
На сите им е јасно колку тој значи за Пеп Гвардиола и неговиот тим, но како што стојат работите, дојде време за разделба.
Имено, Пеп Гвардиола со тажни зборови очигледно го најави заминувањето на Родри, а се знае и каде треба да ја продолжи кариерата.
















