До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Атлетико Мадрид ја изненади Барселона и ја победи со 0:2 на гости во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона остана со играч помалку во 44. минута, откако Пао Кубарси доби црвен картон. Атлетико ја искористи предноста на играч повеќе за да стекне голема предност пред реваншот на стадионот Ванда Метрополитано следната недела.
Стрелци на синоќешниот натпревар беа Џулиан Алварес и Александер Серлот. Пред натпреварот, навивачите на Барселона го каменуваа автобусот на Атлетико, а мадридскиот клуб објави фотографии од скршените прозорци на социјалните мрежи. “Хеј, НАСА, имаме фотографии од темната страна на Месечината”, стои во објавата на Атлетико.
Фото: Атлетико Мадрид/Фејсбук
















